Само ти ќе можеш да го насочиш водотекот кон вистинскиот правец и да го пронајдеш патот кон моето спасение.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
А ние децата, и натаму во нашите соништа трагавме по можниот пристан на нашиот загубен чун, кога стариот капетан му се враќаше на вечното Езеро, трагавме по можноста да го пронајдеме патот на јагулите, да стасаме до Америка пред нив или по нив. Секој со својата среќа…
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Арно ти вели баба - Ако ти е суден, ќе го пронајде патот до тебе...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Само раката го пронајде патот самата од себе за да ја фати рачката од косачката.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Општеството мора повторно да го пронајде патот кон самото себе и да ѝ погледне в очи на сопствената вистина за да може во минатото да го остави она што таму и припаѓа и да гради иднина што ќе биде ослободена од заборав и лаги.”
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Ќе го пригушам нежното распаѓање на мислата... „МОЖАМ СЕ“ Ко капка роса на лозов лист, ќе го пронајдам патот, за да ги збришам сите темни дамки во твоето срце...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)