Од пред извесно време почнав да читам исклучиво стручна литература од областа на психологијата, односно (да не бидам еуфемист) психијатријата, и откако се пронајдов во, речиси, повеќето патолошки случаи, дури тогаш маф ми беше работата.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Сега би се снашла. Сега би ги прекршила сите правила за да останам со неа.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Го препознав нејзиното пригушено плачење и така ја пронајдов во мрачната соба.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Во почетокот на новото доба човекот бара нешто што нема да го залажува, и мисли дека тоа го пронашол во едно јасно, разложно и дисциплинирано нумеричко мислење.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Доктор Коста пронајде во своите сандачиња и кутии некакви лекови и го присили онемоштениот старец да ги испие.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Сепак, можеше да се измие, па попладнето стопли вода во котлето, го принесе до огништето дрвеното корито, го разгоре убаво огнот, пронајде во долапчето на ѕидот и малку сапунче, заостанато таму од летото, и се изми за првпат откако беше дојден потемелно, поубаво.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Елена, Елена, да ти кажам! - извика Бојан трчајќи по неа, да ја пронајде во темнината, да ѝ го открие своето срце, да ѝ каже каков необичен подарок има за неа, но за такво нешто веќе беше предоцна.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Тој е можеби симболичен глас на несреќната нација која испаднала од големата историја а својата улога можеби еднаш ќе ја пронајде во малата.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Во споредба со фолклорно-племенската литература на Таџикистан, нѐ теши нашиот соговорник, српскиот егзотичен писател и литерарен херој се котира сосема добро.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Ладилникот отворен, кучката на сред соба го дојадува најденото: тенџерето со месо за дневниот ручек, половина тепсија пченкарник и сѐ што пронашла во ладилникот.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Но феминист(к)ите кои (како Мек Кинон) ја сметаат философијата како нешто што треба да се земе или остави онака како што случајот бара, попрво одошто како моќен и неопходен сојузник, ќе ги најдат во прагматизмот истите антилогоцентрични учења што ги пронајдоа во Ниче, Фуко и Дерида.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Кога со денови и со недели не успеваше да ја пронајде во себеси музиката, а беше исполнет само со тишината на празнината, помисли дека единствен начин да се пронајде себеси е да се побара на некое друго место.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Го анализира однесувањето, на суштеството кое се бори да се пронајде во ритмот на новото време.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Трговец со сапун, сунѓери и ореви; освен тоа, приврзаник на класичното образование.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Во 1756 година беше пронајден во кревет, изеден од стеници.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Беше еден начин да се остане увиснат меѓу голите гранки над сивата провалија, го пронајде во сонот и продолжуваше и во тоа полујаве да го води својот разговор со онаа притаена, ранета ѕверка под себе, која му одговараше со своето тивко, жаловито завивање.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ова е крајот на еден мини есеј посветен на сараевската поп школа, кој што го пронајдов во лексиконот на ју-митологики.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
За на домаќинот никако да не му падне на ум да го задржува, тој тивко се извлече од собата, си го пронајде во претсобјето шинелот, и со жал виде како лежи на подот, го истресе, го симна од него секое конче, го наметна на рамената и по скалите се симна на улица.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
58 Ракопис пронајден во џебот Кога сега пишувам за тоа на другите може да им изгледа како рулет или хиподром, но пари не барав, туку во еден момент почнав да чувствувам, да одлучувам дека стаклото на прозорецот од метрото може да ми донесе одговор, средба со некаква среќа, токму тука каде што инаку сè се одвива во знакот на најфаталниот раскин, внатре во подземното време кое линијата од станица до станица го оцртува а со тоа и ограничува, неотповикливо под.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
По скромната Темплум- книгичка (пет антологиски раскази, но само пет...), „Маргина“ го објавува едниот од, според многумина, најубавите раскази на Кортасар, „Ракопис пронајден во џебот“, и плус неколку куси прозни цртички, за кои Кортасар беше мајстор.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Дишан: Доброто или лошото немаат никакво значење бидејќи секогаш нешто е добро за некои луѓе, а лошо за другите. 3 Луѓе кои едно зборуваат, а друго мислат. okno.mk | Margina #3 [1994] 25 Врската Дишан-Жари може да се пронајде во најраните белешки на Дишан, запишани во 1912 година и собрани во Green Box од 1934 г., и во постхумната книга Marcel Duchamp, Notes (Марсел Дишан, белешки).
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Веќе беа влезени Колја и Венка и сите замолкнаа, ги фати паника, кој од страв да не се пронајде во Маргина, кој од страв да не се пронајде во психо(пато)лошките мемоари на Венка.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Тогаш го пронајдов во една малечка мексиканска црква, која се наоѓаше на некоја пуста полјана, опколена со планини.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Дури ни чистокрвните Балканци не прават зеленкасти топчиња направени од репроматеријал пронајден во длабочините на носот.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Се мразам себеси што верувам на луѓето се мразам што уште ми е тенок буџетот се мразам што џабе го учев факултетот и сеуште не се пронајдов во светот
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Прибираше сили уште нешто да пронајде во себе, некоја нејасност, некоја причина за паѓање во нова стапица.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
„Јас ќе се убијам!“ пронајде во себе.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
За тие сенки- вампири, објаснувал Монахот, за тие чеда на нечестивиот, сешто може да се мисли и од сè она што ќе се замисли понешто може и да се пронајде во животот.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Можеби ќе го пронајдете во некој од џебовите, или негде во близина ", сериозно го посоветува службеното лице и дури стори движење со кое како да сакаше да почне со пребарување по неговите џебови, но Филип Д. навреме отстапи чекор- два, а за секој случај и рацете ги подаде пред себе јасно давајќи на знаење дека ја одбива таквата помош.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Заборавиле копуците дека кога ќе решат да пронајдат во себе доволно сили да пресудат, без да се обидат да ѝ се приближат на вистината, дека токму тогаш ќе се разбудат другине, кои ја претпочитаат умноста и кои се спремни да ја прифатат разликата помеѓу жртвата и насилникот?
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
„Ги пронајдов во поткровјето“, си одговори себеси. „Се сеќаваш ли Кора кога во раните утра излегувавме на чакалестиот пат со нашиот тандем-велосипед?
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Душан направил кариера на Запад како менаџер за автомобили...
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Режисерот те пронајде во туѓа земја, во меѓуградскиот авион, кога најмалку се надеваше.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Дубравка Угрешиќ: Американски фикционер (фрагменти, втор дел) 212 Margina #11-12 [1994] | okno.mk okno.mk | Margina #11-12 [1994] 213
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Она што е „затврднато“, како згуснатата маст или восок, ќе го омекне топлината на уметникот за да му даде еден почовечен облик.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
За разлика од Ниче, кој бил толку опседнат со својата независност што секогаш ја истакнувал жестоко и мегало манијачки наспроти општественото стадо кое го сметал за глупо и пасивно, Бојс својата независност ја пронајде во симбиотското спојување со публиката а не во спротивставување на истата.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Ќе пронајдеш во него метално топченце. Фрли го пред нас и ќе појдеме по него каде и да оди“. Принцот без двоумење направи што му беше речено и така, водени од случајот, тие пребродија многу опасни ситуации.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Штотуку го уби коњот, кога, гледај чудо, овој се преобрази во принц кој, да не беше јунаковата послушност, ќе мораше засекогаш да остане бедно истрошено коњче. 18.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Хулио Кортасар Раскази: Ракопис пронајден во џебот (67-75), Лука, неговиот долг од (76), Лука, неговите солилоквиуми (77), Увод во обука за навивање часовник (78), Лука, неговите комуникации (78), Фрагменти: За чувството на непотполно опстојување (79), За чувството на фантастичното (80), Повторно за Евгенија Гранде (80). (подготовка и превод: Г. Н. Ом) Маргина бр.8-9
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Само што тргна, коњчето рече, „Погледни ми во увото.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Стадото за Бојс не било апсолутно лошо.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Не мислам на дождот кога врне врз мене. * Запис пронајден во капка дожд ЉУБОВ* Се сакавме многу.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Сакате да ја прашате што сака, но таа ве бакнува * Запис пронајден во куќата на улица „♠♣♦♥“ бр. 13.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Додека трчајќи мислам на тоа како на сцената сум само глупаво нашминкан актер чии зборови не може да бидат сфатени сериозно, слушам како смеата и ракоплескањето се засилуваат. * Запис пронајден во стара театарска завеса ВО ЛАВИРИНТОТ* Ја штипнав за задник царевата ќерка и ме затворија во лавиринтот на Минотаурот.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
* Запис пронајден во архивата на Агенцијата за прислушкување соништа Сакаме да го известиме дека таквите соништа се забранети и дека треба да биде казнет.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Лавиринтот и понатаму мора да го одржуваме беспрекорно чист. * Запис пронајден во метла ЧЕТИРИ ДАМИ* Седите сами во вашата соба и ве напаѓа огромна желба за играње карти.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Во сите останати мигови само сакам да си покрај мене, да јадеш нешто висококалорично (како, на пример, свинска глава) да те наречам кит и тој збор да стане комплимент само затоа што се однесува на тебе. * Запис за љубовта сфатена на прехранбен начин, пронајден во печена свинска глава
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Па тато е посилен! * Запис пронајден во папочна врвца Добро знаев дека тој е посилен, но не знаев да одговорам зошто ја повикав мајка ми наместо него.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Будно е, и не знае со која боја да лета. * Запис пронајден во боенката на Рембо ОДРАЗ*
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Дедо ми барем беше сенилен кога еднаш, во 15:00 го помести часовникот два часа понапред, за што побрзо да ги слуша вестите во 17:00. * Запис пронајден во рачен часовник
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
На плоштадот се случува промена: чистачите на улици ги растеруваат полицајците тепајќи ги со метли; просјаците им се нафрлаат на чистачите во одбрана на полицајците; * Запис пронајден во џеб од блуза со незабележлив натпис уличните продавачи го користат неочекуваниот дожд од метални парички и по многу висока цена им продаваат чадори на оние што сакаат да си ги заштитат главите.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Зошто да се лишам од толку убави приказни? * Запис пронајден во стапица за глувци РЕД* Во мојот дом сè мора да се наоѓа на своето место.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Гледајќи ме така молчеше неколку секунди и небаре не го чул прашањето, го сврте погледот и продолжи да свири. * Запис пронајден во скршена гитара
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Никогаш нема да биде објавен и ќе го користам само јас гледајќи ја додека спие. * Запис пронајден во клепки на бдеач Не ме плаши помислата дека некој некогаш може да го украде и да дознае што таа сонува.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
„Никој не ве обвинува за ништо. Зарем е потребно обвинение за да ве уапсиме?“, му објаснија низ насмевка. * Запис пронајден во запалка
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
ХОРОТ: Задоволниииии! [аплаудирајќи] ПУБЛИКАТА: [аплаудира] Завесата не се спушта НЕМА КРАЈ ВЕСТИ [ВЕСТИ]* • СПАСИЛ МРАВЈАЛНИК ОД ПОПЛАВА • МАСОВНО ЗАЉУБУВАЊЕ ВО УЧИЛИШТЕ • УАПСЕН СЛИКАР ШТО ГО БОЕЛ НЕБОТО • ЈА СПОРЕДИЛ СО НЕИЗЛЕЧИВА БОЛЕСТ • НАХРАНИЛ СЕМЕЈСТВО БЕЗДОМНИЦИ • СЕ ПРЕСЕЛИЛ СОСЕ ЖИВАТА ОГРАДА • СО СТРИПТИЗ РАЗДВОИЛА КУЧИЊА ШТО СЕ ДАВАТ • ПОПРАВИЛ ПОКРИВ НА КУЌИЧКА ЗА ПТИЦИ • СИ ГО НАШОЛ ПИЈАНИОТ КИТ ВО БУНАР • ОТВОРЕН ПРВИОТ ПЛАНЕТАРИУМ ВО ШЕШИР • ИМ ГИ КРАДЕЛА МИСЛИТЕ НА ДЕТЕЛИНКИТЕ • СОБОРЕН РЕКОРДОТ ВО РОНЕЊЕ СОЛЗИ – РАДОСНИЦИ • ДЕТЕ И КАЛИНКА СТАНАЛЕ РОДНИНИ • ВОЛК ПОБЕГНАЛ ОД АКВАРИУМ • МУ СМЕНИЛ СВЕТИЛКА НА СОНЦЕТО * Запис пронајден во бележникот на поет кој никогаш не станал уредник на вести
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Сеедно. * Запис пронајден во улична врева ВРЕМЕ* Не умеам да живеам сега. Го слушам плачот на детето зад мене и старецот пред мене. * Запис пронајден надвор од времето
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
* Запис пронајден во острилка за молив
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
* Запис пронајден во домот на маалски хроничар
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Таму е безбедно како во бункер и моќта да нишаните во некого е во вашите раце и очи. * Запис пронајден во вештачка насмевка
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Ваквата неиздржлива агонија ја прекина жена ми, кога еден * Запис пронајден во мемоарите на среќно оженет човек ден ми кажа дека вистинскиот татко на детето не сум јас, туку некој ментално заостанат човек, пациент од душевната болница во која таа работи.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Речиси сè се наоѓа на своето место и домот би изгледал совршено да не недостасуваат очите на мојот верен пес * Запис пронајден во сеизмограф кој седи покрај креветот како некаква статуа.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
ХОРОТ: Белооооо! [аплаудирајќи] ПУБЛИКАТА: [аплаудира] * Запис пронајден во земјата на совршенството Y1: Убаво ни е! Y2: Да ти кажам нешто. Убаво ни е!
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Цело време ќе споредува, ќе бара нешто засекогаш изгубено и не ќе може да го пронајде во мене.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Одвај дочекав да биде 18 часот попладне. Ги облеков најизвалканите и најнеугледните пантолони што ги имам и најизбледената маичка што ја пронајдов во плакарот.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Едо пронајде во џебовите една неплатена телефонска сметка, ја изврте и ѝ укажа на двата реда опомена од поштата.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Го пронајдоа во близината на мравјалникот, пикнат под еден сув лист.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Вака пишуваше: Здраво, Мамо, тато, бато! Супер патувавме, супер се сместивме.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Го адресирав пликото што го пронајдов во фиоките заедно со другите празни плика и хартии на мајка ми, со надеж дека ќе стигне во Гоа, тогаш кога Игбал ќе биде таму.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Го испратив веднаш утредента, подготвена на долго чекање на одговорот.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
И за да се уверам, ја пронајдов во фиоките каде што сѐ си чувам за спомен.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)