пронајде (гл.) - на (предл.)

Цртеж на една од дрвените таблици со врежани симболи, пронајдени на Велигденските острови.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Имено, во Vinyl, 1965, е изведен садо-мазохистички ритуал, а во Couch, 1964, околу каучот во Фектори дефи­лираат голите претставници на андер­граунд сцената, покажувајќи се во различни пози, меѓу другите и Ален Гин­зберг, Грегори Корзо, Питер Орловски, како и Џек Керуак; филмот содржи и порнографски сцени, па и експлицитен хомосексуален фелацио - тогаш сè уште незамислив за порно филмовите што почнаа да пристигнуваат од Европа - и не беше наменет за јавно прикажување.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Порнофилмовите (увоз од Скандинавија) како и поп-артот (увоз од Англија), значи, беа европски изуми, кои најплодното тло го пронајдоа на американскиот пазар (кој беше поподготвен од нивниот). Couch изгледа екстремно аматерски и во склопот на Ворхоловиот опус.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Си ја замислував апсурдноста: распарталена книга пронајдена на улица а потоа прогласена за своја само затоа зашто не бил познат авторот! А згора на сѐ распарталена.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Овие и некои други слични размисли не беа во состојба да повлијаат да помислам дека картичките извезени со стихови всушност не постојат и дека се загатка што ја испраќа сонот за да ме вознемири.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И јас сонував потоп. * Запис што го сонувала отсечена глава на морнар, пронајден на морско дно
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Не можев да ја пронајдам на таванот...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Некој од нив, воден од сочувство, одлучи да му помогне на Акакиј Акакиевич барем со добар совет, велејќи му дека тој не би пошол кај реонскиот началник, зашто може да се случи реонскиот, сакајќи да заслужи пофалба од претпоставените, и да го пронајде на некој начин шинелот, тогаш шинелот сепак ќе остане во полицијата, ако тој не им достави законски докази дека шинелот му припаѓа нему; туку дека е најдобро тој да му се обрати на едно значајно лице, дека значајното лице, откако ќе испрати писмо и ќе се поврзе со оној со којшто треба, може да направи работата да тргне поуспешно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Отказот работодавачот е должен да му го врачи лично на работникот, по правило во просториите на работодавачот, односно на адресата на живеалиштето, односно престојувалиштето од кое работникот дневно доаѓа на работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако работникот не може да се пронајде на адресата на престојувалиштето од кое дневно доаѓа на работа [освен во случаите на оправдано отсуство од работа] или нема трајно или времено престојувалиште во РМ или одбие врачување – отказот се објавува на огласната табла во седиштето на работодавачот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)