Меѓу зимските алишта што ги чуваше мајка му здиплени лете под нафталин на дното од креденецот, го пронајде својот омилен сив џемпер, продрснат од носење и закрпен на лактовите, па го оддипчи и сосе нафталинот во него ги завитка цокулите и така стуткан го пикна во раницата.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Во тој свет, уште не се случи класичната поделба на субјект и објект, материјата уште не го пронајде својот предметен израз, не стана податок, не се скрати, таа, напротив, се наоѓа во состојба на експанзија...
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Скулптурираната рака, како впрочем и секој уметнички објект, брзо пронајде свои промотери, свои филозофи, критичари, свои уметнички работилници.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Стариот велеше дека имал впечаток оти неговиот помал брат си заминал од овој живот без да е свесен за тоа.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
И покрај сите вакви збунувачки размисли, за нас смртта не е веќе она што претставувала за татко ми оној ден кога го пронашол својот помал брат во сенката на една од крушите кај Желкин рид потпрен со грбот на стеблото на престарената круша и со матарка вода во раката.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Сметам дека во Џаспер Џонс го пронајде својот вистински духовен син; всушност Џаспер Џонс на овој или оној начин, во своите слики внесуваше некаква слика која потсетува на Дишан.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Кажете дека тоа не е Дишан, свртете го тоа, и еве го.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Притоа внимателно ни го свртува погледот кон необичната литерарна жилавост на застарената реалистичка постапка која го пронашла своето секундарно прибежиште во заостанатите културни зони и национално- литературни провинции.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Од неговиот збиен коментар проговорува специфичната еснафска солидарност: макар што не ги одобрува, тој настојува да ги разбере оние литерарни проповедници на епскиот дискурс кои, како залутан пустиник, ја преспале симболичката бура, па безнадежно се обидуваат да ја воскреснат оддуваната референцијалност.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Дури тогаш ја пронајде својата пушка и ја насочи кон мршарот под себе.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Конечно, по стотици непроспиени ноќи, го пронајде својот свет грал. Надежта беше дарувана со реалност.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Неговата последна надеж се стопи кога ја пронајде својата порака сè уште закачена на вратата.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Таа го водеше за рака низ големиот и мистериозен лавиринт на таа затворена општествена заедница, во која никој не би се осмелил да се јавува по телефон на полноќ и да ја бара жена си.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Пред една година, претурајќи по старите работи, го пронајдов својот стар буквар од 1957 година.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Ја споделуваше со своите книги својата голема среќа дека на Балканот го пронашол својот вистински собрат по книги, со кого можеше да го сподели чувството на триумфот во поразот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Филозофската оправданост за огорченоста на Кундера, во мене не го пронајде своето светилиште.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Во конфликтот меѓу единката и институцијата, единката мора да се подреди, да се одрекне од својата лична самостојност и да го пронајде своето место во општествениот организам, кому му припаѓа и кој ја дава смислата на нејзиното постоење - најголемата вредност е онаа, кон која чувствуваме припадност (belonging).
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Неофицијалната советска уметност се обидуваше да се дефинира, да го пронајде своето место помеѓу Запад и Исток.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Младата генерација на сликари умее истовремено да ги пронајде своите ориентири во таа реалност крајно исполитизирана и покрај тоа што во неа таа не се чуствува многу пријатно.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Кон крајот на 70-тите, почеток на 80-тите, творештвото на Кабаков во Русија се одвива паралелно со она на Бојс.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Ако за Бојс, маста и медот беа доживеана реалност, животно искуство, за московската концептуална школа овие два материјали беа обид за афирмација на правото за културно и национално себе-поседување.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Најпосле, ова се отсликува и во уметничкиот живот.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Употребата на фотографијата од фронтот покажува дека тие му се обраќаат како на човечкото суштество Бојс така и на идеалот што тој го претставуваше.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Преку кохезијата на мислите и чувствата се обидов да ја доловам тривијалната симбиоза на ироничноста, моментите кои не ги проживеавме, мислите кои ќе останат вечно заробени во матриците на просечниот ум и чувствата кои никогаш нема да ја пронајдат својата совршена форма.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Еднаш го видов светот, тој преубав, совршен, хармоничен, задоволно го вдишував пријатниот мирис на животот со идиличен крваво црвен и азурно син витраж на појави кои се раѓаат од слаткиот извор на копнежите, надежта и страстите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Без тебе не можам да бидам јас и тоа што сакавме да постанеме заедно.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Убиецот бара прошка: „Како да се молам и како да простам кога омразата си го пронајде своето почивалиште во моево срце.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
И што да напишам, кога сѐ е напишано. И што да речам, кога сѐ е речено.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Не верувам во постоењето на мојата душа на моите мисли и чувства како причини создадени за да ја пронајдат својата совршеност (тие веќе се совршени такви какви што се, од почетокот на нивното постоење во моето тело, исто така совршено со сите свои недостатоци и маани), зошто на крајот и така се ќе исчезне во апсолутното постоење на ништото.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Јас ја пронајдов својата цел.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Дел од мене засекогаш ќе остане осамен, некаде фрлен и отуѓен, без волја да ја пронајде својата подобра хемисвера.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)