На децата сè повеќе о, се распознавват ребрињата и очите како што им пропаѓаат во черепите така им стануваше сè пооврлени.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Еден куп академски шалабајзери кои вешто манипулираат со зборот и секогаш „имаат” решение за сите проблеми, а покрај тоа државата и понатаму пропаѓа во провалија.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Од бучавата, бифето одеднаш пропаѓа во дупка од молк, како да ви се дупнале тапанчињата на ушите.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Ја бакнував диво по вратот, ја гризев; таа молеше да престанам, да не ја повредувам; ѝ ја зграпчив кошулата и ја повлеков; сите копчиња се разлетаа во темнината и потем, во наредните два-три мига го слушав продолжениот звук на нивното удирање на кејот, како ситен дожд од ориз; на слабата ноќна светлина блеснаа нејзините млади гради, како кај кучка; почнав да ја гризам по целото тело, и одеднаш се најдов со устата врз нејзиниот папок; таа ме удираше со тупаници по главата, велеше дека сѐ е готово после ова, дека сум уништил сѐ, дека сум свиња, дека ќе ме пријави, задолжително ќе ме пријави, дека ќе ме убие, дека Партијата ќе ме убие кога ќе им соопшти, но мене веќе за ништо не ми беше грижа, и јас само го бакнував нејзиниот папок, таа рајска чаша со небесен нектар, тој центар на вселената и почнав да тонам длабоко, да пропаѓам во непознати длабочини;
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
-Јатото птици се губи, пропаѓа во длабочината на небото, и покрај тоа што се уште е таму.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Пиштеше џипот, се препелкаше, рикаше моторот на угорниците, пропаѓаше во доловите, тропаше по камењарите, удираше со страните по бреговите и го голташе патот.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Животот, на крајот од краиштата, е само колаж од одделни моменти на кои се сеќаваме – колку парадоксално е тоа што во него минуваат цели денови, месеци, години кои воопшто не ни остануваат со сеќавањето и поради својата истоветност пропааѓаат во заборав.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
„Не“, му се колнев; се плашев од проклетото сечење на жилата помеѓу веѓите. „Ништо не ми е. Здрав сум.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во таа година Тексас се одвојува од Мексико (група јужни држави на Америка бара новата членка на Сојузот да го прифати црнечкото ропство) а Линколн, борец против ропството на црнците на југ, е пратеник во сојузната држава Илиноис.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во исто време Турците ја имаат Либија под власт на отоманската Порта и пропаѓа во вазалската кнезовска Србија обидот за донесување на прогресивен Устав.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Пропаѓав во кратки соништа, оние што немаа ни почеток ни крај.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ако ликот е безличен, можеби тоа е затоа што и авторот не се чувствува сосема добро - некој му го допира лицето, но прстите, тие долги ковчести и груби прсти на стварноста, пропаѓаат во меката кожа, која како глина го поприма нивниот облик.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Нападите врз Рада доаѓаа од сите страни. Во еден миг само забележа дека Никодин пропаѓа во столот. Младен го крена за да се соземе.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Сам гледа - занаетот шивачки пропаѓа во вода.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Гледа старицата по нив - тие пропаѓаат во темница.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Замира на запад бледата светлост: тоа сонцето пропаѓа во длабок сон пред студената приквечерина. Но до темнината е долго.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
По малку го запирам коњот, оти нозете му пропаѓаат во земјата, преполнета со вода и со снег.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тие го туркаат нагоре, а тркалата му пропаѓаат во снегот, му завлекуваат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Јас пак, како да сум пропаѓала во некоја длабока тиња, вели Дуковица Вендиоска.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И пијам, пијам, а водата како во некоја кртечина да пропаѓа во мене. Никаде ја нема.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- О, кутрото човече што си мислеше многу високо летнало, - рече Кејтен со горчлива насмевка, - ете, сега тој пропаѓа во темна бездна од која веќе никогаш нема да излезе.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Ѕвезда сети - за првпат сети - небаре пропаѓа во некаква витлива длабочина.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Одненадеж сети милина дека пропаѓа во тие о ч и д л а б о к и, чиниш длабок вир - ама од него блика некаква с в е т л и н а... заџарена молчи.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
На овој дел од разговорот Петра навистина пропаѓа во сонот, и од тука до утрото е темница во нејзината глава каква што владееше и во просторијата, ама првата бледа светлина што удри низ дупката за џам ѝ ја поврати синоќешната слика па затоа се поткренува внимателно и го бара Костадина, а на местото каде што го гледаше веленцето притиснато, нагмечено, претворено во широко седело.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Сеќавав како стапалата ми пропаѓаат во меката влажна трева и како неговите долги суви прсти ми го стегаат вратот и како наеднаш нозете ми се ослободуваат од земјата иако и понатаму продолжуваа да го сечат воздухот (моите проклети нозе како да си играа ножички во рацете на многу умешен бербер) а проклетиот воздух сè потешко втасуваше до градите.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Господи, колкупати ги имам протрчано Слатински ливади кренат во раката на тоа чудовиште од човек.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Се руши право како дрвена кукла, не губејќи го вертикалното држење, како да пропаѓа во некоја дупка-стапица, и со сопствената површина ги впива своите урнатини.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
И наеднаш пропаѓаше во сонот.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Одиме и паѓаме во завеаните дупки, до гуша пропаѓаме во снегот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)