Како декорот на театарската сцена пред почекот на претставата: посеаното лисје е од жолто, лажно злато, фасадата од куќата од картон, со исцртани прозорци, покрив и оџак од страна на публиката, а фонтаната е набрзина направена од гипс, дури и сенката е формирана од некој огромен затемнет рефлектор што пропушта светлина само на краевите, па местото, некаде во горните агли, е допрена со тенок, светлосен ореол, лесно е да се замисли лулка, закачена на дебелата гранка на дабот, подготвена да ја сочека младата девојка со книга.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)