Затоа, секогаш треба да имаме позитивни мисли и зборови, тие се енергетски ентитети што ни ја определуваат иднината.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Заборавете го минатото како средство за обвинување, исчистете се еднаш од тие напластени шеми на размислување, тука треба да се разберат и простат грешките од минатото.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Во напорот да ја разберат, најпосле, непредвидливата балканска историја, тие си остануваа доследни на своите некогашни ставови, пред пресудните настани, но секогаш готови да си ги простат грешките, ако некогаш постоеле, кај едниот или кај другиот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)