Беренц молчеше и безизразно го следеше говорот на митрополитот. „Ете, потоа мораа да ме протеруваат зашто не сакав да се спротивставувам на тоа чувство што самите го предизвикаа кај припадниците на моето духовно стадо.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Практично дојдов кај Вас за да Ве поканам на човечко дружење”. „Мојата позиција, знаете е специфична”, рече Беренц, кревајќи ја главата и одново заменувајќи ја срдечноста со резервираност. „И мојата беше во Минхен, па сепак го восприемав и градот и Баварија со сите духовни сетила.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)