Иако го прочитав нејзиното име и презиме на штичката, на која покажа татко ми, не можев мајка ми, нашата жива, секогаш насмеана добра мајка да ја поврзам со ова купче натрупана земја и со оваа грубо изделкана и испишана со црна боја штичка.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Татко ја прочита нејзината мисла и продолжи: – Писмото се сметало за божја особина, а не за негово дело, какви што се неговото милосрдие, правичноста.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Длабоко во очите на тоа девојче ја прочитав нејзината тага или разочарувањето.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Кога го постави прашањето, таа ги сврте очите во татка си и тој го прочита нејзиното прашање: Што велиш, да се потурчам да не те погуби кадијата?
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)