Иако машката геј-култура можеби веќе не е преокупирана ниту со Џоан Крафорд ниту со Бети Дејвис, таа и понатаму им издвојува голем дел од своето внимание на холивудските ѕвезди, на дивите, на поп-иконите и на разни современи женски ликови кои отелотворуваат разни комбинации на сила и страдање, на гламурозност и абјектност, на моќ и ранливост.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
На значењето на стилот, на далекосежните естетски, родови и сексуални последици на формалните стилски разлики, на составните елементи на прагматиката на родот – со еден збор, на културната поетика на човековиот субјективитет.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И навистина, ете и самата „геј- и лезбејска уредничка на ТОНИ, Бет Гринфилд, признава дека геј-културата „можеби е концепт што тешко може да се дофати“ (иако „е концепт за кој е и тоа како интересно да се размислува“).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И натаму страсно се вложува во естетичноста и се пројавува ироничен вкус за мелодрама, и како естетски облик и како начин на чувствување или лично изразување.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)