А и времето е убаво, цел ден ѓупчиња се прскаат во реката.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Нешто во свеста се кине, прска во шушкави искри.тие трепетливи светулки се извишуваат нечујно, бавно, сигурно, и кога ќе се изморат на својот пат, паѓаат, умираат, покриваат се со пепел.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
ТЕРОРИСТ: Не можам а да не заспијам на звуците од - - острите крици/кои зујат небаре хор од чедни селанки се прскаат во пладневната тиња. Станувам...
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Гори и лета: снопчиња искри ми прскаат во очите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
„Идиот! Идиот! Пфуј!“ вика сувиот човек и се тресе сиот како пијаница кога ќе зацица крв, а тишината прска во безброј срчи и мислиш дека нема крај тој пискот, дека будилникот саноќ ќе цепи: иди-от! иди-от!
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)