Многупати потоа го враќав во сеќавањето тој миг, таа несигурност не само во нејзиното, туку и во неговото држење, присилната воздржаност во погледите, зад која пронижуваа исчекувањето и љубопитноста, и онаа радосна непријатност, составена од среќа и срамежливост, што трепереше по нејзиното кревко лице, и по неговото лице кое се стремеше да изгледа секогаш сериозно, заради што уште во првите години од студирањето тој беше пуштил брада.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Отец Прокопиј многу, многу одамна ме поучи: Побрзо ќе заборавам кога пуштив брада, одошто да заборавам дека и во селоно зад ридон нашенци живееја.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Одам, а времето само се мурти, не стои на една нога. Се топори да врне. Ќе ја пушти брадата од Свети Никола.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И сите нивни подоцнежни средби ги имаа тие нијанси од првото видување, таа радост и таа непријатност, тоа исчекување, тоа љубопитство, тоа воздржување, таа несигурност, сите тие нешта кои се мешаа со зборовите, а сепак завршуваа во некаква неизговорливост.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)