пушти (гл.) - глас (имн.)

Човекот и низ населбата го пушти гласот и почнаа луѓето да доаѓаат кај сопственикот на кучето, да го тераат да се одмазди, ама сопственикот се колеба.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ми доаѓаше во сон како да сакаше да ми каже нешто, но никако не успеваше да изусти или кога ќе успееше да пушти глас јас не можев да слушнам...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Никако не стигнав.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Потем сал туку се излежуваше по дома, си остана младоженец без невеста, едно време се пушти глас дека станал акробат и ноќум одел по жица како месечар, филистејците се такви, на спасителите им подаруваат осаменост, им го нудат и кошмарот на заминувањето од родната грутка – барем сега не се талка со месеци по морињата до Австралија и Нов Зеланд, а ако е до пустини и таму има пустини, но децата таму не чуле за прачки, не виделе дренки и шумски малини, децата таму се далдисани во компјутерски игри.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Ја остави прачката во долапот, како да потпевна прачка имам камен немам, па ја бакна мајка си в чело и цел ден и цела ноќ попусто чекаше да му подари солза радосница.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
И го удри така со нога по слабините што овој само се преврте и, без да пушти глас, остана на место мртов.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Усните ѝ затреперија, но не пуштија глас.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Старецот се обиде да викне, но сувото, непрочистено грло не пушти глас, па додека да се искашла, кучката веќе залаја и како куршум јурна кон колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Баба му во тоа виде дека личи на еден нејзин помлад брат, кој уште млад замина во туѓина и без да пушти глас од себе не се врати повеќе оттаму.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Се здобив со впечатокот дека преку зборовите што мене ми ги испраќа на некој негов начин комуницира со мајка си.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Иван се насмеа. Но онака, без да пушти глас.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се пушти глас дека стигнавме во Полска.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Вечерта се пушти глас: - Пакувајте се! Заминуваме!
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Се пушти глас дека беа фатени на граница при обид да пребегнат во Југославија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Едно долго и упорно ѕвонење на старинскиот телефон ја врати во реалноста. Несвесно ја крена слушалката. Ја стегаше во рацете без да пушти глас.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Откако целото го разголе, само пушти глас меѓу грутките кои и стоеја во грлото.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Дивјачки беше силувана без можност да пушти глас.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Чу како шушливо му се пушти гласот и млитаво и тапо падна во свеста на Арсо: - ... Смрт со бесење...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тогаш, тие години, гледајќи го расфрлан на сите страни и неприбран дома, не со злорадост туку со жал за него, некои пуштија глас дека од што се вдал по одобрението, Максим се померил од умот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога конечно газдата на арабаџиите не пушти глас дека ќе дојде, старите играчи очекуваа да се појави некој од повиканите нови играчи, кои, меѓутоа, го немаа потврдено своето конечно учество, па не се знаеше до последниот момент кој би можел да дојде.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ако беше порано шупелка, сега пушти глас од полно грло.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ама никој од старците рисјани не пушти глас.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Обајцата ги втренчија погледите во небото, без да пуштат глас од себе, и дури имаше живот во нив устите им мрдаа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Роса, исто присутна во брложето на Петра, не отвори уста и не пушти глас, туку само напати ќе замавнеше со главата во знак на несогласување со Петра.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Трифун и Сотирчо малку се изненадени, запират пред нив и туку мласкат со устите без да пуштат глас, додека една од девојките, помалечката, не им се врекне Што не си одите кај татко ви и мајка ви? Или се загубивте?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И кога Бино пушти глас по село дека ќе ги учи децата без пари, многумина се прашаа одошто ќе живее тој човек.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Одеднаш Јоне ќе викне, и тогаш едната од нив, водачот, ќе пушти глас сличен на овчарско свирење и сите ќе спрснат да бегаат брзо како ветер, искачувајќи се по најстрмните места.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Падна на колена и пушти глас - пискотница: - Циљкооо... чендо!!!... - над лединката за миг нависна крик.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не знам дали додека се одмораат или додека поткаснуваат, отвора уста за да пушти глас.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И уд неа адно гулем кумат во во Дончото! премалено го пушти гласот во темницата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Пелагија силно си ја стисна долната усна со забите, до срце ја заболе, ама оти зафатена со принесување на разни понади не пушти глас, а и никој не забележа дека си пуштила дури и крв.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Здравоживо мор Пелгијо, кај гу имаш скриену то нашто кумашинче! го пуштил гласот Танаско, а Пена ја гушка, ја стиска, чиниш сака во себе да ја втера, потоа Пелагија ги гушка нивните деца, ги опсипува со бакнежи, влетува и во прегратката на Танаско, а потоа тоа купче од луѓе и гласови се раширува во дворот.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
а надвор веќе почнуваат да паѓаат снегулки, ветрот само ги врти во воздухот, ги пушта и ги втасува, одново ги завраќа назад, си игра шукшуле, што се вели, ги развева како цут од дрвја што се кубат, кој ќе пушти глас, ќе го наполни морето, ни викаат и бродот застанува, а ние молчиме ко глувци во дупка, ги слушаме само чекорите озгора, одат над нас небаре на глава да ни газат, и бродот одново тргна, сега можете и да пеете, ни велат, кај се пеело пикнат в дупка, си велиме, отсекаде бучи клокоти, и гледаме надвор, снегот си навева и се топи, се губи во водата, ако запреме во Костанца, ќе нѐ водат во Букурешт, си велиме и приѕираме во ширината што ни ја затвора снегот, и Костанца ја изминуваме, нѐ водат право за СССР, не ни заспала среќата на сите, вели Апостол Макаровски, сите со нечија среќа се шверцуваме, вели, ќе му украдеме уште некој ден на господ, и почнува некој студ да ни влегува низ процепите од бродот што се отвора однадвор.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Некаде квечерина, се пушти глас дека пак ќе нѐ слезат да чекаме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе го пушти гласот Маша Русланова, а ние ќе стоиме зинати пред неа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ама, кој како ќе пушти глас, така ќе припукаат во него.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)