Гајдата запре и ораџиите ги пуштија рацете, та застанаа во недоумение.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Таа ја пушти раката, тој ја прифати, стана, дојде до средината на просторијата и започнаа да играат.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Ја остави мистријата и фанглата, се доближи до неа и ја пушти раката меѓу бутините.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Кога, еднаш, во паркот, му рече дека Иван е лекар, тој зеде шепа земја и ја наполни големата уста. „Зошто го стори тоа?“ се иплаши таа држејќи ги неговите раце. „Пијан си, немој...“ Ја погледна и се наведна. „Не, тоа, го сторив за да не прснам од смеа.“ А кога и рече за некој свој пријател лекар што некоја Марија го оставила, кога и рече дека тој бил највеличествената болка на светот, му ги пушти рацете.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Веднаш тој му ја пушти раката и отстапи наназад, сега посакувајќи Даниел да се качи во камионетот и да си замине.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Конечно по долго време, барем така се чинеше, а всушност беа само секунди - таа ја пушти раката на Боб и рече, ”Боб беше тргнал на ручек и јас дојдов со него.”
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Потоа ѝ ја пушти раката, но остана да стои таму со очите залепени за неа, сè додека таа не се изгуби зад новата куќа, зад двата слободни плаца подолу.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
И тогаш јас ѝ ја пуштив раката одзади, ја запрегнав и се стори што се стори, господи прости ми.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Се исправи, неочекувано ги фрли рамената нагоре, ги подаде нанапред и ги пушти рацете да му висат пред него.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Но бидејќи онака, осветлена од сонцето, и подзамижана, и целата блескотна, ги оставив веслата и, што ми стана, ја пуштив раката кон нејзиниот фустан.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Едно време се реши, ја пушти раката кон мене и ме стегна кај лактот. Вели: Немој никогаш веќе да бегаш.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Тој ме гледа со подозривост, а сепак, ми се чини, само кога би ја пуштила раката, тој веднаш својата глава би ја ставил во неа.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Пушти рака и ме фати, се престраши човекот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И тогаш татко му ја пуштил раката на деда.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Јас веќе му ги пуштив рацете и му ги оставив. На Михајло Горачинов.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Како што ја фати лесно - небаре квечерно планинско ветре - така лесно ѝ ги пушти рацете, та виснаа омалени, во нив нема сила рацете да ги крене, а дланките нејќат да го прекријат лицето.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Шабтај му даде знак на малиот и тој попрво ја пушти раката кон алвата што потоа брзо ја стутка в уста.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
За еден момент беше заборавила колку силно грееше месечината.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Кога се сети дека е ноќ се насмеа со чуден глас: - Штета, беше темнина, нели? - праша и ми ја пушти раката.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Не разбирам,- говореше, другар Аритон Јаковлески, - говореше, - не разбирам како таков човек може да си дозволи Аритоне Јаковлески, а ако веќе ја пуштил раката...
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Виде дека таа сака тој да ѝ се радува на телото и пак го врати погледот на нејзиното торзо. Ѝ ги пушти рацете под мишките и потем повлекувајќи ги нагоре ѝ ги соголе рамената, по што тргна во милување на кое наскоро ќе му се придружат неговите усни и целиот тој, исто така гол, преплетен со неа и во неа.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Таа се поднасмевна со крајчињата на усните и со мака прошепоти: - Златно мое дете... - и пушти рака да го погали.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
На масчето крај неа имаше полно портокали, но пушти рака д ги поземе портокалите од Милчо.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Ја пушти раката кон едно цветно гранче што допираше до прозорецот; го скрши; пред да го помириса, забележа пчела нурната во цветот; го остави гранчето на прозорецот и почна да ја набљудува пчелата; ја гледаше колку е занесена во цветот што не узна дека гранчето е оделено од дрвото и дека се наоѓа во неговите раце; дури и кога со сламката ја помрдна малку, таа не одлета; цветот ѝ беше како рудник во кој длабеше: кога го собра сиот сок, кога го испразни, излета и зафати да врти низ лабораторијата, да зуи оддавајќи немир, паника.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Таа ја мена бојата на лицето, доби жолт прелив, му пушти рака, се поздрави, но студено.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)