пушти (гл.) - во (предл.)

“ Сепак, често производителите се тие кои прават имитации на соп­ствените производи.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Вообичаено е да се произведе и пушти во оптек таблета со 140-150 милиграми МDМА.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Војниците ги следеше цело време, па кога виде дека вниманието им е на друга страна, забележа дека не го гледаат, веднаш се сокри зад еден ѕид за миг, а потоа кога се пушти во бегство така брзо колку што го држеа нозете.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Старицата не стигна ни до предворјето на овој храм.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Наш град, кој ни ги отвори широко портите и не пушти во својот храм, каде што виталните стануваат негови миленици и жреци, додека другите исчезнуваат и пред да ја сетат животворноста на неговата молитва...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Бојан зеде една стара, крпена торба, пушти во неа парче тричник, оној леб што од трици нарочно го месат за кучиња, префрли преку рака мало секирче со куса дршка и тргнаа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Не умувај! - рече Денко. - Земи нешто за јадење оти јас ништо не сум пуштил во клунот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Зеде од кошницата во аголот десетина компири, и ги пушти во водата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Колку го пушти во должина - прашав? - Сандакот? Речиси осум педи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Овој сон ми наиде откако ја бев издал онаа избрзана наредба: патот да се пушти во употреба на Први мај !
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Изгледа во овој случај некомпетентно се бев впуштил во натпревар со времето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Јас ќе бидам кај Иле. А кога ќе завршиш прати ми абер.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А одговорните за изградбата, бидејќи немале храброст лично да реагираат и да ми укажат на тешкотиите со кои се соочени, го пуштија сонот да ме извести.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Го пуштија во Прењес кај жена му зашто веќе не беше потребен.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И не јас, туку она девојче кое некогаш бев, и чија рана и натаму крвареше во мене дури и во оние периоди од животот кога не го чувствував тоа, секое утро уште пред да се расонам ме тераше да тргнам кон Рајнер, па со чувство на вина да молам да ме пушти во својот дом.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Едно утро, едно од оние утра во кои го молев Рајнер да ме пушти во својот дом за да можам да молам или да обвинувам, тој ми рече дека завршила љубовта помеѓу него и младата жена заради која ме беше напуштил.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Тоа значи дека ние одново можеме да бидеме заедно,“ реков.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа дамнешна рана ме тераше да го прашувам Рајнер каде исчезна оној Рајнер кој некогаш се плашеше дека ќе ме изгуби, како што ги изгубил оние кои го посвоиле, оној Рајнер кој се плашеше дека ќе го отфрлам онака како што го отфрлиле оние кои го зачнале.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Уште за малку не му втасало месото и да не го пуштат во долна земја, си пресекол од прасенцата (бутовите) и наранил орлите, та го однесле на горна земја.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Почна да офка.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Утрото му кажал ќелешо на браќа си кај влегла ламјата и посакал една дебела ортома да се врзит ќелешот и да го пуштат во дупката.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Полека се качил на кулата, го врзал мешинот за јажето и го пуштил во изворот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Мансардата оживуваше, се отвараше со магија на цвет да ги пушти во себе разнобојните шурки на светлината.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Оттука не нѐ чуди фактот што евентуалната легализација на марихуаната ужива најширока поддршка, иако некои на тој список би го додале и хероинот. Австралискиот социолог Стивен Магфорд предлага марихуаната јасно да се издвои од кокаинот и хероинот така што би се пуштила во слободна продажба, додека сите други дроги би се продавале врз основа на лиценца.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Секоја од овие можности има донекаде различни предности и недостатоци. Најмалку радикален чекор кон ублажување на забраната би било класирањето на дрогите по категории при што би се легализирале најмалку опасните.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Мансардата оживуваше, се отвораше со магија на цвет да ги пушти во себе разнобојните шурки на светлината.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Кога го донесоа дома и кога го пуштија во дворот, тоа радосно се растрча препознавајќи си ја куќата и местото од каде што беше украдено.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Кога Којо Пипиле ќе го извади кучето од куќичката што му ја направи со сите удопства и ќе го пушти во дворот да се истрчува, Богдан ако седи во градината, ја напушта и се затвора дома да не го гледа кучето и да не му го слуша лаењето и квичењето, зашто му оди на нерви: го потсетува на Пансионот, на Хера, на Марија и нејзината пудлица.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И таму треба да монтира машини и да ги пушти во работа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Шефот беше во недоумица дали жената е во толкава криза за да не ја пушти во авионот и индиректно се обиде тоа да го разбере од Хелвиг.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ке се пушти во подолг разговор со своите муштерии, особено со првиот што му ја продава борината и ќе се прави глув, пелтек, глув на едното уше, недоветен, дека слабо го интересува што прават другите Мариовци.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
„Петле", си рече сам за себе и ја пушти во џебот од ќурдијата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сите однадвор ја нападнаа вратата да молат да ги пушти во „царство небесно".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дојдоа до Ѕадна Река, зад село, и започнаа преговори со грчките офицери, бидејќи овие не сакаа да ги пуштат в село.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не сакам веќе да збори!... Ќе му ја растурам целата муцка...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Се враќа да ми пушти во фаца уште некоја навреда... секогаш уште некоја..
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Пфф! Пак паѓа врз купот... Ќе му го смачкам устиштето!....
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Овој пат, еден од ликовите во неговата проза, неслучајно жена (неговата Муза, можеби?), ќе му ја шепне магичната формула, ќе ги пушти во етерот (електронски) безмалу пророчките зборови како лек за болест наречена минливост: „ми се чини дека времето е низа од реченици, кинливи како пајажина, кои можеш да ги поврзеш само со раскажување“ („Футролата“).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Нивната заемна проникнатост е повеќе од очигледна во ова проза.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Море, тој што ги пушти во рисјанска вера, немал ни драм ум во главата.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Зашто и сам Ристос учеше дека сите луѓе се браќа.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Само педа вода наполнил во базенот Преспанецот и пуштил во него жаби, да, обични жаби - навечер радосно да му крекаат и да го потсетуваат на детството додека во летната влага прави панделка од сеќавања и од мечти.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Се пуштија во бегство Дариевите војски, ги оставија и колите, кочиите, мртвите и ранетите.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Не сакаше сам, без сведок да се пушти во разговор со „емигрантот”, кој започнува да си го покажува вистинското лице.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Така, се вратил Едо во Браново и брановци пуштиле глас оти на Благовец попот грчки нема да го пуштат в црква.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Нашите немало ни да го пуштат в село да влезе ама тој дошол со турски заптии и така тие морале со убаво да го вратат.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
И се изврев некако од под труповите и крвта ми се пушти во жилите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Мој е романот и јас ќе го имам последниот збор – инсистирав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Еднаш ѝ го реков сето тоа и бев решена да не ѝ дозволам некои нешта да ги пушти во печат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)