пушти (гл.) - внатре (прил.)

Тогаш Димче сфати дека Павле имал причина што не сакал да го пушти внатре.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Додека се пораѓаше седев на клупата пред бараката, а откако го искапија малечкото, ме пуштија внатре.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Отидовме во Големата сала, таму беа расфрлани костимите кои ни ги беа позајмиле од Бургтеатарот, а кои стоеја неискористени затоа што сите сакаа сами да си ги осмислат облеките. „Еве,“ реков, „ова е за тебе.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сега беше растегнало уста, мјаукаше да го пуштиме внатре.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ми го подадоа малото тело – ја држев ќеркичката на Ева, се радував.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Елена се упати кон болничката зграда. Одвај ја пуштија внатре. Ја придружи болничар.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ја растоварија золви, јатрви од венци, нетопи, решмиња, ѕрѕулки, дури му ја опашаа на зетот и го пуштија внатре со едно барде вода.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Пред вратата стоеше важно напернат курирот што ги пушти внатре, по години не постар од Мечета.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Им кажав на чуварите дека брат ми мора да се преоблече, и тие нѐ пуштија внатре.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)