Дарвин скоро ги завршува патувањата со бродот Бигл преку многу мориња и ги допроучува создавањето и променливоста на органскиот свет откривајќи нови повидоци кон зоологијата, ботаниката, геологијата, палеонтологијата, антропологијата и етнографијата; во еден дел на Македонија масовно пцовисува од некоја чума запрежниот добиток.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
А кога коњот пцовиса од ракијата Жолтокосиот како верверица истрча по електричниот столб.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Кон таму сега повеќе нема да може да заскита ниедна твоја мисла, макар и да пцовисаш од глад.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Поминати се дваесет и една година од првиот писок на Стивенсоновата парна локомотива - во Германија и во Белгија се градат железнички линии.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Кучето може и да пцовиса од жал за тебе, вели.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)