Патем речено, генерации и генерации му пцуеја мајка на овој бард на сатирата.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Знам дека многумина од вас ми пцујат мајка зашто од одличната сцена на бивша Југославија токму неа ја одбирам за мојава ин мемориам колумна ама верувам дека Брена си го заслужува своето место во овој напис.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Пукам, и му ја пцујам мајката, мајчето, мамулето, мајчулето. И деца и добитци и живина и солпци и козолци.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Другиот прифатува: - И кажи му на кметот од нашето село да не се грижи за нас оти знаеме ни пцуел мајка партизанска и потскажувал па Тодора и Јована ги тепале ги ставиле во окови а со нив и мојот старец прашај ги твоите војничиња мајмунчиња како ги дочекавме на Момино Брдо и како бегаа од нас...
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
И замисли таа да те бие по муцка, да ти пцуе мајка, сестра и жена и сите светии...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- И ѝ ја пцујам мајката на кралицата затоа што народното богатство го изналепила на ѕидовите... Ах, ах, ороспијата германска...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Затоа и така храбро пее за фиктивната одмазда врз клетиот Турчин што ги силува македонските жени; затоа храбро им пцуе мајка на кодошите, крева револуција со вербални бомби и куршуми за пет минути во кафеана, по три жолти ракии, во сѐ на сѐ три строфи, и ослободува цели нации во еден рефрен.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)