Така јас после се залебив во социјалното каде што за кусо време почнав само за рушвет да работам додека не ме истераа и од тогаш пак му се вратив на приватниот бизнис.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Водарите не полнеа вода ако таа не наредеше, варџиите не ја гаснеа варта ако таа не го кренеше камшикот, а делкачите на каменот што се собираше за градење на џамијата, а што ќе преостане и за кулата и теќето, не работеа додека таа не поминеше и со опул не ги штрекнеше.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Се работело од темно до темно и се работело додека да заврши работата, а мораше секогаш да бидеш претпазлив, на секој чекор демнеше или некоја змија, некое друго животно, или пак, некој човек.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)