Мислам оти читателот без коментари ќе разбере што сакав во нив јас да речам.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Па сепак, иако не можеше да се разбере што кажува човекот, не постоеше никакво сомневање за природата на тоа кажување.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ниту во Татковото, ниту во семејството на Камилски, не можеа да разберат што вистински работат двајцата пријатели наизменично во нивните библиотеки од утро до вечер.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
А беа тешки времиња, во многу семејства тешко се врзуваше крај со крај, често на портите тропаше гладот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Не кажуваш, да речеш: мори, жено, што правиме што немаме писмо од детето, да одиме в град и да се распрашаме ако некој има дојдено да разбереме што е работава, туку си се замислил за свадба.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Не ја разбрав што му кажа на момчето од другата страна на шанкот, ама, за минута-две, добивме по дупла вотка со мраз и лимон.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Лозарот од Неготино, испечен од тиквешкото сонце, избрчкан од мислата како да врзи крај со крај во месецот и веќе подгрбавен од наведнувањето кон секое грозде, овој лозар од Неготино, значи, никогаш нема да разбере што значат Клиничките патеки што ги воведе власта во лекувањето на обичните луѓе.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Сега се прашуваа, сакаа да разберат што ги поврзало татка и Чанга? Каков ли заговор коваат?
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
А кога разбра што се случило, долго не можеше да заспие.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Децата патем нагоре разбраа што се случило ноќеска.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Разбраа што е работата, почнаа да фрлаат со бомби. Една паѓа покрај мене.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)