Вистината пред сѐ, оти тој беше длабоко убеден дека кога ќе се разбере вистината, кога ќе се сфати дека тој не ја предизвика и не ја започна оваа војна, кога светот ќе успее да види низ лагите со кои го беа обвиле луѓето каков што беше неговиот пријател, таа вистина ќе го ослободи и него.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Првин ќе биде тешко преку ноќ да се превоспитаат овие козари, козите нема никогаш да исчезнат од нивното сеќавање, но, на крајот сигурно ќе ја разберат вистината за комунизмот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
А тој наеднаш ќе ја разбере вистината!
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)