Сите филмови што сега, разлигавен, во главата ги правиш за мирно трето доба, со сите театри и опери кои сакаш да ги посетиш и да ги видиш и чуеш, сите книги што сакаш да ги читаш во двојка или, барем, како школска лектира да ги обработуваш со неа, затоа што таа те разбира најубаво и, додека молчиш, таа ја слуша твојата тишина и кроце пушта рака на твоето колено, кое потскокнува од тоа што нервите ти се отидени бестрага, се утопија, се разбира (тоа филмовите).
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Како и да е, кога ја зеде дипломата каква - таква и ја затури во каселата на мајка ѝ, Горде некако се отпушти и попушти пред нивниот притисок, па одбра еден - се разбира најубавиот, не најумниот или најспособниот, за што тогаш немаше мерник.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)