Па, што знам јас. Се занесувам и мислам дека разбирам што се случува околу мене, а во суштина немам поим за ништо.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
— Ами как не, ќе ме маѓепца! He ме ваќаат мене маѓии; веле мајка дека си имам наврзници во косата — одговори Нешка и нешто ја штрекна, поцрвене како секојпат кога го напомнуваше Крстета во себеси, мислејќи ота сите што ја гледаат разбираат што мисли.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Андонис, осумнаесетгодишно момче од тесалиските села, со главата навалена врз рамото на Јана, не разбира што зборува Циљка, сал слуша со богољубен израз на лицето.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
И одат од кревет до кревет, од човек до човек. За секого прашуваат по нешто. Ние не разбираме што прашуваат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ѕидаше и не зборуваше и, бидејќи не зборуваше, може мислеше дека Лена не разбира што прави.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)