А кога сонот навистина стана вистина, цели дванаесет ноќи од синот на Тајко бегаше сонот, а клепките му тежеа како весла, иако целото негово тело се разболе и плачеше за сон.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Впрочем, Никола се сметал за ктитор, та бил сигурен дека ќе биде закопан до олтарот, каде што неколку години пред тоа бил закопан еден член од семејството Поцо, свештеникот Горѓија, “Георгиа Иереј“, кој бил во добри односи со Никола и кој свештеникувал кусо време, бидејќи се разболел и рано умрел.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)