Само Васо Паша го привлекол вниманието на основачите на музејот со познатиот цитат: „Разбудете се Албанци од долговечниот сон, станете браќа и во една беса обединете се, оставете цркви и џамии зашто верата на Албанците е албанството!“
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
- Разбуди се, опасно е да сонуваш во овој вошкарник! Буден ли си? Те боли главата.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Стани,“ шепкаше Атина, „Ајде, разбуди се, станвај, имаш писмо од Америка, само шо беше поштаро“.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Заспи, разбуди се: тоа па тоа.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
— Чјорнија чјорт, вели Жења, разбуди се!
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Душата е жолта и црвена, мислеле загледани во играта на пламенот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Земјо, мислеле, разбуди се од допирот на нашето страдање, смекни, стопли се и дај ни топлина.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Разбуди се, разбуди се, другарке Оливера Срезоска, многу тешко, многу мачно ќе ни биде без тебе, - се кршеа кутрите девојки.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Разбуди се, другарке Оливера Срезоска, сестро наша, ја будеа и кутрите девојки со солзи во очите, о, проклет да бидам, тие вистински се расплакаа, од срце се молеа за здравјето на Оливера Срезоска.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Разбуди се, му велиш, не се буди
заспиј, му велиш, не заспива
полубудно, полуживо
- распнато по краците
на логичките схеми на контрастите
зависно од глаголот
ти треба начин, временска димензија
просто да знаеш дали си и каде си!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Денот и ноќта
кога се размеѓуваат, в бунило
телата си ги возвраќаат:
доказ е спермата плисната
на пол-небо, на пол-земја
(разбудете се, возбудете се
утре кон 4 часот
излезете надвор на отворено
и погледнете!)
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)