И ние, поголемите, а и помалите деца, а главно бевме сите мали во италијанско - грчката војна, во крајезерскиот Поградец, не го разбиравме вистинското значење на развеаните знамиња, час од една војска час од друга војска.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Го развеа знамето на Пророкот во Палатата, ги повика населението и улемите, да го поддржат и ги испрати морнаричките воени единици и на артилеријата да ги совладаат јаничарите во нивните касарни.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
На зградите се развеаја знамињата со кукаст крст.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Се пее до коска и подлабоко, се пее дотаму до каде што критиката не може никогаш да втаса, а песната, еве, сепак успева да го развее знамето на својата победа, но и на своето самопредавство, капка по капка, стих по стих, истекувајќи во две тишини (“една мала, во која те сонувам / и чекам, и една голема / во која исчезнувам“).
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)