раздвижи (гл.) - крв (имн.)

Арсо сѐ повеќе се губеше во својот болезен сон. Глигор брзаше да ја раздвижи крвта во тоа смирено тело, да го поттикне срцето да излезе од своето опасно смирување.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Повеќето од нив имале пушки и кубури, запленети опинци и нешто пари, барут, тутун и јадење - леб и тврдо планинско сирење, додека другите, оние понеснаодливите, се задоволиле со јатагани, ками и ножови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сето тоа го знаеше, и сепак, звуците ја имаа таа сила да ја раздвижат крвта на осаменикот со пријатна илузија за она што најмногу не му недостасува и за што страдањето вака тешко се поднесува.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ако било време на сенокос, час кога пролетта е нападната од омарнина, копнежливоста на дивите треви ќе му ја раздвижела крвта на добитокот, дење да го наслушнуваат со мудрост на изморени рабини љубовниот повик на птиците, ноќе или пред мрак да ги влечат воденичките камења и да се удираат со рогови погрешно спрегнатите деснаци и леваци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
— Кој е тој непознат човек шо сака да ми помогне? — праша Најдо и се протегна да ги размрда мускулите, да му се раздвижи крвта, бидејќи ете, неколку дена како лежи во темната јама без воздух, без светлина, бетер од оние во прилепскиот затвор и во Катилане во Битола.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)