Се обиде (веќе два месеца во Истражниот затвор самиот се убедуваше дека сè што ќе направи овде е само обид) да ја зачува сликата раздробена меѓу зарѓаните квадрати и да ја протолкува на начин што му прилега на човек кој е прочитан од самиот себе и не дозволува никој повеќе да го помрдне од таквата положба која му даваше слобода да гледа (онолку колку што му дозволуваше затворската решетка) и да размислува дотаму до каде што му стига умот.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)