Читателот ќе забележи дека болдираниот текст во „приказната“ упатува на белешка кон крајот на текстот – коишто ги има околу 160 во целата книга и каде што е разработен и објаснет споменатиот правен институт, се разбира онолку колку што тоа го дозволува расположливиот простор и колку што оценивме дека е доволно за ваков тип истражување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Околу 90% од литературата која ви ја нуди образованието е тежок булшит кој е добро разработен и се покажал како успешен со децении уназад во перењето мозоци.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Она што се случувало во минатото го исклучува вметнувањето нови учесници во тие случувања, ми објаснуваше Пачев.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
— На лицето ѝ се оцрта задоволство, дамарите ѝ се разработија и доби сила и кураж што побргу да стигне до постелата, да легне и да го погледне тоа стаорче што сакаше да ја отера в гроб.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Тој не можеше да сфати дека дури подоцна ќе биде разработено и дооформено четивото кое ќе послужи како материјал за откривање на вистината и како лектира во натамошните стручни расправи.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)