И зошто одненадеж, паф,
се измазнува ко песја муцка
ко опашката на Макс мачорот, душичка
(врати ми го, те молам!);
„Простете, не беше намерно“, вели езерото
ми ги краде зборовите
небаре расипало скапоцен предмет
а јас, како ништо да не било
скокам во него
пливам, и нуркам, и го гушкам
и повторно го сакам, свежо
(макар што јас не знам
што всушност значи да сакаш)!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)