И потем раскажа собитие вакво, за кое трипати повтори дека е верно, и јас знаев дека знак на несигурност е тоа повторување: на првата ноќ откако сме заминале ние од дворецот, небаре ѓавол ја напуштил престолнината и во вреќата своја сите проклетства ги однел, на Лествичникот видение верно му се јавило: таткото негов, Мида, на сон му дошол и побарал да го откопа од гробот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И почна зуењето на соборот муви: кога сите се собраа, отец Стефан Писмородецот и отец Пелазгиј Асикрит накратко го раскажаа собитието со Филозофот кај логотетот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)