Ко некогаш не е во моето село, - снопје да се чукат со лескови вили, - растат нови луѓе, иде нова смена, - ко в приказна чудна селото се мени!
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Со растурен вриеж на желби во главата, куклата го прегрна момчето на кое почнале да му растат нови мустаќи, брада.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
„Можеби и нивната врска ќе се расточеше како бран скршен на карпа”, размислуваше госпоѓица Агата Голдблум додека со книгата во едната рака, тивко ги испиваше своите вечерни коњаци - доколку еден ден мајка ѝ, тогаш дваесетогишната Хана Минцер, не откриеше дека во неа расте нов живот, дека веќе два месеца носи дете, неа, Агата, тој благороден плод на љубовта со Леон.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)