Во утрата, додека уште можеше да се излегува надвор, се прошетував до зградата во која беа становите на Зигмунд и Роза, понекогаш ќе заѕвонев на вратата од домот на сестра ми, за да ја разбудам внука ми Цецилија.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ноќниот воз, во оган и бес истрелан низ шините, се издигна и исчезна над студената земја кон север, оставајќи црн чад и пареа за да се растопи во застоениот воздух, неколку мига откако мина и замина засекогаш. 90
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Тој лежеше во својата агонија и измамата му се растопи во многу живи лаги што ползеа како слаби жаби, гуштери и змии.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Беше спарно лето, сѐ испаруваше и градот трепереше пред очите, како да се подготвува да се растопи во горештината.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Наближуваа, секој за себе, во исто време постојано отстапувајќи, секогаш спремни да исчезнат само со еден скок, просто да се растопат во таа белина наоколу, но сепак постојано и трпеливо освојувајќи секој сантиметар од растојанието, што ги делеше од неговиот прозорец.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)