рашири (гл.) - вест (имн.)

Во тој ноемвриски ден, попладне, илјада деветстотини и прва година, низ Битола се рашири веста: „Баш комитот дошол во Битола и тоа дење.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Сите девојки полудеа по Морисон - брзо се рашири веста дека постои некоја група со многу сладок и многу секси пејач.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Веројатно Џим го собрал тоа додека свиревме во Трип.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Утредента сите нѐ собра во одајата, го тргна покривот од лелајката за да го видиме бепчето, а потоа нѐ спотера по селото да ја рашириме веста, да кажеме дека ни се роди братче.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Бошко пак, кој го виде тоа уште од на дуќан, се растрча низ чаршија да ја рашири веста за маката на својот господар и да бара некаков совет, или помош.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Никој друг, туку Чана ја рашири веста со својата гласна и широка уста, па така, додека се чекаше да дојде Новата година сите Егејци дојдени од Војводина мислеа на Димостен и на неговите страдања воопшто.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Едно утро, во едно мало село, дојде трговец да купува свињи.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Низ градот како чума се рашири веста дека на полноќ ја запалил приведениот Прометеј.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)