Бам-бам-бам... ритамот на возбудата од нејзиниот стомак ѝ одѕвонуваше во ушите, додека неговиот бакнеж од неа ја вадеше музиката, вешто, лесно, како што прстите на умешен музичар навидум само пребаруваат по жиците на гитарата, а всушност од неа раѓаат светови што никој друг, освен нив, не умее таму да ги пронајде.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
2.
Кликни навреме
Дрворедот стана необичен:
така се раѓа светот, помислив
така се ствара третата стварност
на сенките, на сенките
на сенките...
Биди река, набљудувај
зумирај, дебни!
Тука е она кое обично не е тука.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)