Кон содржината на оваа студија беше додаден и дел во кој беа анализирани повеќе закони со посебен осврт околу правото на штрајк, а дополнително беше анализиран и нацрт уставниот амандман XXXIX, кој ја регулира материјата на уставната тужба, правен институт кој треба дополнително да ја зајакне заштитата на дел од уставно постулираните работнички права.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
22. До денес (март 2010) не е донесен закон кој ја регулира материјата за т.н. „најниска плата“, а оваа материја не е регулирана ниту со Општиот колективен договор за 32 која гарантираше исплата на плати и тогаш кога средствата за лични доходи и заедничка потрошувачка на организацијата и средствата од резервите не се доволни за целосно измирување на загарантираниот личен доход – и тоа преку користење на позајмица од фондот за заеднички резерви на општината, Републичкиот фонд за заеднички резерви, општинскиот и републичкиот буџет (чл. 35, ЗРО/90) – при што исплатата, по барање на работодавецот, ја вршеше тогашната Служба за општествено- книговодствени работи, денес позната како Управа за јавни приходи; б) во 1995 беше укината одредбата дека платите се исплаќаат најдоцна до 15-ти следниот месец (чл. 1, ЗИДЗРО/95).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
ЗАКОН ЗА АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ Овој закон е донесен во февруари 2014, а почна да се применува од февруари 2015 година (чл. 113, ЗАС).137 Тој регулира материја која претходно беше регулирана со два закони, Законот за државни службеници и Законот за јавни службеници.138 Првиот од овие закони беше донесен во 2000 година и не содржеше промени на одредбите за штрајк во периодот 20102014 година, додека вториот беше донесен во овој период, поточно во 2010 година, и воведе слични одредби во однос на одвивањето на штрајкот на јавните службеници какви што претходно важеа за државните службеници.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)