а) Во делот на материјалната одговорност на работникот, односно надоместот на причинетата штета, симптоматично е тоа што со ЗРО (2005) се избришаа трите члена кои подетално ја регулираа процедурата за утврдување и наплата на штетата: • веќе не постои експлицитната одредба која предвидуваше дека работоводниот орган, или органот што тој ќе го определи, покренува постапка за утврдување и наплата на штетата.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
105 Членот 16 од ЗВИЛ е едноставен, без комплицирани процедури, и ја регулира процедурата согласно која инвалидните лица кои самостојно вршат професија или дејност, заштитните друштва и другите правни лица кои вработуваат инвалидни лица бараат доделување на средства од Посебниот фонд.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)