Ти ме изгледа, ти ме израни, шо ќе речиш ти, тоа нека биде. Јас твојот лаф не го газа, нели знајш.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
- Да! Токму како што рече ти. Го испуштив пленот. ѝ го измерив умот и тоа беше доволно токму на време со едно културно збогум да ја завршам таа фарса.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
„Ќе ги оставам цигариве по операцијата, нема веќе пушење“ - ми рече ти.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Приказни како таа почнуваат и потоа се пренесуваат од генерација на генерација, сѐ додека некој не ја одвои вистината од лагата, додека не се исчисти плевелот од пченицата, како што би рекол ти.“
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Конзервативна мала земја, ете тоа сме најконкретно. Што би рекол ти, на крајот од светот.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
ФИДАН: (Прифаќајќи го бардето). Добро рече ти Божине: Секоја сила со време... Туку, нејсе... (Пее).
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
ЗАФИР: А, Костадин што го доведе.
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
И зарем тоа што го рече ти во скрипториумот не е исто што и: Господ е првиот грешник?“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
„Ако речеш ти, светол бегу, готов ќе бидам. Само со кои пари? Јас сум голтак.“
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
И, после, ние не сме Бугари та тебе те викаме коте, значи што рече ти: маче; ние сме си луѓе од местово наше — нашинци! И нашински си зборуваме!
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
МАРА: (итро). Ако не да му ги сокриеме и да речеме ти не си донесол таква работа — пари во куќава.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
- Многу те поздрави дедо, - рече Бојан, - и рече ти да ни одбереш кученце. - А за тоа ли дојдовте?
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- А рече ти се ежи кожата. Од што?
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Ама за тоа ли ти бил зборот?! Речи ти колку сакаш... Пет... десет!...
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
САВЕТКА: Сега, тука како ќе речеш ти.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Беговите ќе го најдат, потоа ќе ни побараат сметка.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Како што ќе речеш ти, Борисе. Јас веќе немам зошто да го слушам оној Проказник.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Лесно е да ми рече Ти си сега и баба и дедо и мајка и татко!... ама овие пилијна треба да јадат, да се облекуваат, да се греат! Што, како, со кого? Знам, да не се угаснат, ама како?
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Тоа го очекуваш ти по својата смрт: да бидеш пророк над пророците – не еден од оние кои кажувале што ќе биде со човекот на земјата и над земјата, туку што е во него, и што може од него да биде, и што ќе биде според она што во себе го има, не знаејќи дека го има.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ти знаеш дека човештвото ќе те чита и препрочитува, дека ќе зборува за тоа што рече ти за човечкото суштество, за неговите соништа и неговата стварност, за неговото свесно и неговото несвесно, за тотемот и табуто, за таткоубиството и инцестот, за Еросот и Танатосот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)