- Значи, среќно останување, - рече Претседателот. - Добар пат, - рече Змејко.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Ха, ха, - рече Претседателот. А Змејко мислеше: кога си ваков, без ниедна трошка сигурност, и кога неа си ја загубил толку евтино, како овој тука, тогаш не ти останува ништо друго, освен да ги повторуваш зборовите на другите, да ги повторуваш нивните движења, да чекориш како што чекорат тие и да се смешкаш вака проклето изгубено, а смеата да ти е сѐ друго само не смеа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Ама не, - рече Претседателот. И, место да се навреди, место да се смурти, тој се поднасмевнуваше бледо.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тој долго ќе климаше со главата и со мрморење ќе го одобруваше она; што ќе го речеше Претседателот, заминувајќи по него.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ни уво не мрднува, ха... - Кога би можеле да се видат, ниеден жив не би оставил... - тоа сега го рече Претседателот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- И тој ќе ти остане тука многу денови сам и ни окото нема да му трепне, - рече Претседателот. - Ќе си остане, кога е ваков.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Значи, - рече Претседателот, гаснејќи ја својата цигара, - ти, Змејко, ние сме готови да тргнеме.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)