- Немај грижа- рече тетка Сава.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
- Кај брзаш, - рече тетка Рајна и ми замавна со главата да седнам.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
- Да работи како наставник за жена е најдобро - рече тетка Рајна.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Ни јас не знаев баш многу за тој феминизам, а исто така не знаев ни за сестринските односи, зашто сестра немам, па си замолчав, мислејќи дека ако продолжам на иста тема може нашето убаво расположение да се подрасипе.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Се создаваат уметнички навики, се изградува личноста, да не биде кич што би рекла тетка ти.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- А, ако некој не сака да си го развива вкусот?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- А бе, мани го татко ти, што знае тој за феминизмот и за сестринските врски, нека си гледа своја работа! – малку подналутено рече тетка ми.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Добро момче си ти, - ми рече тетка Дначе на Чавка - да не јавеше, баба ти немаше да извлече жива глава.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
ТЕТА, ДУЊА-ЃУЗЕЛ И ЗЛАТНИТЕ РИБИ - Овде, - рече тетка ми Оце, покажувајќи со раката кон средината на малото модро-зелено езеро, - некогаш, многу одамна, живеела во еден прекрасен дворец принцезата Дуња-Ѓузел.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
„Е, гледаш! И јас знам во која училница се премести учителката Милица“ - рече тетка Стана, ја фати за рака, ја поведе во училишната зграда, ја водеше долж ходникот - сѐ до шестата врата.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
Како што матната вода течеше и се впиваше сѐ подлабоко и подлабоко во теписонот, тетка ми панично притискаше со одзатнувалката во шолјата и наизменично викаше „аааах!“ и „ииии“, земајќи и испуштајќи воздух.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
- Не сум стоел јас кога сум мочал, ти реков, тоа мора да...
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
А и никогаш не сум имала амбиции да се натпреварувам за најчиста домаќинка во градот! - рече тетка Марија и се насмевна гласно, при што стомакот повторно ѝ се затресе горе-долу, нежно допирајќи се од чинијата пред неа, која заѕвечка во ритам со нејзиното смеење.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
- Стигнавме, - рече тетка Олга, а и Кристина повтори по неа, - Стигнавме! - при што Никола нетрпеливо воздивна.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
- Ма не... какво соблекување... - рече тетка ми, гледајќи ме, не во очи, туку долу пред себе.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Се приближив и ја видов тетка ми како решително, со крпа, ги брише завесите од кадата, одвреме-навреме подзастанувајќи да подзаструга некоја дамка од вода што ги избегнала нејзините широки замави.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Што? - пламна Коле. - За инает. Само за инает, - рече тетка Анѓа.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)