Кој ќе се јунак изнајде - би рекла нашата народна песна, а Ренџов - ЗАПИШУВА.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
Но ниедна конференција не може да се организира според принципот на организација “биди спонтан”.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Следното можно читање ми дојде на ум кога се сетив што рече нашата секретарка кога првпат виде една тераписка средба од зад огледалото: „Глупости, тие ништо друго не прават освен што зборуваат!“
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Затоа, Господ ги услиша моите молитви и ми допушти да ти се јавам, да се симнам од фреската и да ти ја речам нашата болка.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Не само што кај нас нема насочувачи, туку и од петни жили, што би рекол нашиот народ, се трудиме никогаш да не се појават.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Како што реков, бев изнервиран од тешкотиите да ги завршам неколкуте мои започнати раскази. – Миличок, твоите антиупатства од себеогледање пливаат кон раскази, исто како во анегдотава, ме потчукна по рамото; па што и ако не се раскази „докрај“, кога нивното множење е вирусно, како што би рекла нашата другарка Бети Шелева.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Впрочем, во интервјуто за магазинот „Вчера“ посочениот писател ќе изјави за љубените си ант-упатства: Ги „режирам“ како кусометражни аматерски филмови, без кастинг и пробни снимања, со една камера и со брза монтажа.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Бити даваси! Тука шега јок! како што би рекол нашиот валија.”
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
- А мајка ми би го додала оној нејзин омилен цитат од Иво Андриќ: „Од толку нешта се плашевме во животот, а не требаше, требаше да го живееме”.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Не плаши се, Бреза, животот во страв е половина живот – би ти рекол нашиот Игбал.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Некој од селаните излезе напред и почна да им вели и да ги моли дека тука посигурен ни е спасот и дека во Долно Дупени, Љубојно и Брајчино си имаме роднини и кај нив ќе си останеме додека помине лошото и потоа ќе си се вратиме дома. – Не! – рекоа нашите партизани и ги вперија цевките кон нас.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
„Нема ништо поубаво за една мајка од тоа да си ги види децата среќни,“ рече нашата мајка, галејќи ги внуците по главчињата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„А ете, Адолфина остана сама.“ Потоа се сврте кон мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)