рече (гл.) - ништо (прил.)

Јас гледав пред себе, долу во дупката, и не реков ништо.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тој не ѝ рече ништо. Таа полека излезе и зад себе ја затвори вратата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Учителката не рече ништо. Само го зема блокчето со мачето и излезе пред одделението.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Не му реков ништо. Го погледнав само, и му реков: „Еби се со таа песна“. И потем стрчнав по скалите, надолу, кон дома.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Арсо ги стегна вилиците. Не рече ништо. Џемал-ага благонаклоно се насмевна.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Само сврте со главата лево-десно и ми ја подаде.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Татко ми божем заинтересирано ја разгледуваше, но не рече ништо.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Јас посакав Рајнер да мине со конецот по рабовите на моите усни, но не реков ништо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Никој не можеше да рече ништо, но татко ми дури на пладне можеше да го состави целосниот мозаик на ноќните настани.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Со татка ми последен се раздели. Не си рекоа ништо.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Синото јоргованче не рече ништо. Беше навредено до најситното коренче.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)