рече (гл.) - така (прил.)

Ја прашав дали лажела кога рекла така. Рече дека лажела.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Ако речат така, ние пак ќе завртиме на нашето.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Тоа е моја работа, но ти не рече така. Ме лажеш. Што ќе ти биде, лебати, тоа луксуз?
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Рекле така ќе биде и секој ако не му се свиде Може друга улога да избере на овој терен Што не значи дека друг гајле ќе му бере Ниту дека ќе остане до крај верен На својата кауза, ако си земе пауза.
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Рече така шифрантот Иваз, чувствувајќи мала победа оти на амбасадорот му укажал на крупна грешка, од неговиот агол на гледање.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Неказнето по серпентините! Зарем не рече така? - му се обратив на Б . С . - Да, ми се чини реков. Но не мораш да ме цитираш.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не знам дали ми рече така.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Бог ги казнувал таквите! Не рековте така?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ролан беше голем преварант! Не рековте така вие самите, Иван Степанович?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дури тврдевте дека генералот Ролан Јаковлевич е злосторник, кој веројатно ја заслужил несреќата што го снајде!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Им рекла така, останала неколку дена, кај едни па кај други, и заминала.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ај, уште овој пат, си велам, па ќе се сетам, колку пати сум рекол така. И раката си ја соберувам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)