– Животните, кога им се ближи смртта – рекол тогаш Чанга – ја бараат темнината. – Не ја знам причината – се сеќава татко ми на својот одговор – но човек кога му се ближи смртта, бара светлина, уште зрачец, небаре за да понесе светлина во темнината, во смртта! – Зошто ли е така? – бил упорен Чанга.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Е, тоа е, така треба, си реков тогаш. Така треба, си повторив, и се свртив кон инженерската екипа.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Многумина така сме мислеле, му реков тогаш јас, а сепак се наредиле работите.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Зошто, си реков тогаш, не пишувам за самиот живот, за она што го гледам и што го слушам, за она што се случува, па макар некому и да му се стори дека не сум пренел сѐ точно како што се случило.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Грутче јаглен На Еуген Жебелјану Еуген, о Еуген, некогаш од ова исто бистро се упати кон морето со искривен чун за да си ја влечеш сенката зад себе.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Погледни ме, рече тогаш, и запамети ме, и сè што правеше потоа - го правеше со рака на срцето.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Таа иронично се усмевна, му рече тогаш: запиши, голема мудрост!...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Што му рече тогаш, што направи, како успеа да ја спечали неговата доверба никој не знае.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
И им реков тогаш на оние луѓе дека ако сме на вистинското место, морето само ќе се отвори, и земјата ќе се покаже.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Јас реков тогаш дека таква е вистината, којашто не ќе им се бендиса на мнозина, но јас не можам да го зборувам она што ќе му се бендиса на некого, туку она што е свршена работа, со која порано или подоцна ќе треба да сметаат јужните Словени, па затоа е нужно да се знае новото течење сред Македонците за да се определат јасно односите на јужните Словени кон него и да се избегне бесполезната и штетна борба помеѓу нив.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
„Тој веќе еднаш си го одбра патот кога реши да остане во Памфилија наместо да продолжи да патува и да ја шири Радосната Вест“, му рече тогаш нестрпливо, но Варнава упорно продолжи да го убедува.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
„Тој може, - рече тогаш Дуко. - А јас, јас веќе немам што да се гризе од мене.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Да живеат сите ножови на светот, рече тогаш хирургот и ја исипа сета ракија од својата чаша рамно в грло.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Тој живееше сам и реши полицајката да си ја прибере дома. „Неофицијално”, ми рече тогаш.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
„Тихо,“ рече тогаш, подавајќи ја раката за запознавање, но Азра не го слушна добро на што тој додаде „Тихомир, Тихо,“ наведнувајќи се над девојката со широка насмевка и љубезност кои во ситуацијата беа сосема неприродни. „Некои ме викаат Тише,“ ѝ шепна.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
„Потпевнуваш како овчарче што го брка стадото, ибн Бајко”, рече тогаш Ризван-бег.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Си рече тогаш Сандри изморено: еве, пак ќе се случи чудо.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Да имав Библија, му реков тогаш оддеднаш на Симона, ведаш ќе почнев со подготовка, со читање и со барање што ми треба.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Ајде, двајцата макиве да ги надминеме - така ми рече тогаш домаќинот мој и со здивот фати да ми ги топли дланките изѕемнати.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Игравме други игри! – И што ти рече тогаш грофот Чано? – Ми рече, ќерко моја, ти убаво играш!
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Марија, ѝ рече тогаш. Ја мразиш ли смртта?
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Ја обвинувам, реков тогаш во себе. Неправедно ја обвинувам.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Можеби никој ништо не рече тогаш, во неговото детство.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
„Капетане, дајте знак“, му рече тогаш пропаднатиот богослов.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
И јас не можам веќе без тебе, ѝ рече тогаш а таа не рече ништо само се грчеше кај него исплашена од грмотевиците.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Ако контрастот е логичен, си реков
тогаш ќе направам писанието мое
да биде посветло
зашто се збива на север
таму кајшто изгревот доцни
а пак заодот поранува,
таму кајшто сѐ е помазано со благ како шира
леплив и збувнат
налик на долго воздржувана сперма
самрак.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
А на татко ти му го реков тогаш и ова: „Семјоне, Семјоне, човек има еден живот, и не смее да го испогани.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Така ли ви реков тогаш? Ајде, сети се!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
„Мило ми е што си дојдена, Рајне, ама јас не чекам гости во дуќанот“, ѝ рекла тогаш Трајчеица, и тоа само за да си ја поништи горчината, така барем велеше дека ѝ рекла, но Рајна студена како мразулец, само се насмевнала, „и тоа со половина око, да извиниш“.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
И уште ми рече тогаш дека е подобро да не доаѓам во Сараево и да си го вардам градот во спомените без лузни онака како што се варди убавината на мајските утра.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Се уште не можам да чујам што рече тогаш.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
“Орудијата кои не чинат бараат повеќе вештина”. дишан Изгледа дека Полок се обиде тоа да го направи - да слика на стакло.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Ете го како се лула во својот стол, пушејќи лула, чекајќи да престанам да се нарвирам.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
- И ова го рече тогаш на советувањето и си спомна уште дека посебно подвлече: Преминувањето во класична војна за партизанските кадри кои неопходно ќе се судрат со стручњаци и воени специјалисти, за партизанското движење ќе биде катастрофа...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Само вие нервирајте ме, - рече тогаш, - ќе ме умрете еден ден, ѕверови ниедни!
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Додека те носев, ми рече тогаш, твоите вошки се префрлија кај мене, а моите кај тебе.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)