Но, во истиот миг блеснаа нејзините крупни, синозелени очи и целото лице ѝ се озари од голема радост.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Ќе биде сѐ добро, - рече толку тивко, што ѝ прозвуче сосема спротивно.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
- Милото мое, - рече толку тивко, толку мило што нас како да нè фати струја, в час се ослободивме од вкоченоста, од страшниот мраз, видовме таа беше мајка, Кејтенова мајка.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
- Ќе дојде – ѝ реков толку сигурно што дури и се уплашив да не сум премногу убедлива, па Лета да се разочара уште повеќе ако симпатијата, не ѝ се појави.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Ете, - рече толку благо, воспитно, како родител, - сте претргале толку страв среде оние црни браништа и улави птици, а сосема за ништо!
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)