- Во Македонскиот народен театар претставата на Љуша Ристиќ ќе може да се игра подолго затоа што се завршува кога Чак Норис ќе рече доста, а доста ќе рече откако ќе ги изнатепа сите што, според него, го прекршиле законот.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
- Дај од твојот! - му рече откако го разбуди. - Нарачав, ќе донесат.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
- Се обидовме, - рече откако шумарот кој го довезе си замина.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Како сакаш! - немарно рече Бојан и продолжи да се плиска, да фрчи и да ги трие своите веќе зацрвенети гради: - Ќе ти покажам нешто, - рече откако се исплиска и почна да се брише со кошулата.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Што има убаво во овој расказ? – си реков откако го прочитав целиот. – Не е убав, тажен е!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
И ми стана жал за мене, а почувствував голема лутина спрема мајка ми, таа неправедна и неблагодарна жена.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Ова е, значи, тој толку прочуен летачки килим, - реков откако удобно се сместив крај Игбал на килимот врз мојата работна маса.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Ова ми го немаш речено порано – реков откако се ослободив од изненадата.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Тоа е таа можност што ни е дадена и треба да се користи".
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Не знам - вели - само знам дека мене ми се случи да поминам низ тоа.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Но паметам еден твој совет што е и вистински остварлив и јас постојано си го повторувам (и реков откако спомените истекоа):"Секогаш имај го предвид и не изумувај го правото на избор!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Навистина се почувствував за момент почестен, иако она најбитното, како да летав откако сум овде, се уште изгледа не се беше прелејало во сите размисли.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Колку е тешко да се проживее, мамо? - ја прашувам а таа ми се смее негде од далечината?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Носи физиономија на Балканец па го чувствувам и поблизок. „Вашиот претседател”, ми рече откако седнавме, „требаше неодамна да биде наш гостин на отворањето.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
- Сонцето свети и човекот стои, - реков откако погледнав низ прозорецот.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
- Катерина, да те запознаам со Јана - реков откако ја забележав изненаденоста на лицето на Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Колковите навистина ѝ се движеа како клатно на ѕиден часовник, дури ми се пристори дека нешто ми кажуваат тие движења и тој звучен ефект од нишањево не беше ништо друго туку објаснување за нејзината голема дарба: (тоа Катерина ми го рече откако стори неколку чекори), а малку подоцна додаде дека умеела да го изведе она кое Јана; за да посака да го изведе ќе морала најпрвин да го смисли а потоа долго да вежба и тоа само за да постигне нешто што сепак ќе личи на обична имитација.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Симидите на Катерина! - додадов.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Ќе се видиме. Треба да се видиме - реков откако речиси потскокнав.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Јана му беше блиска на Самоников - додадов.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Женава си е чист сурогат! рече, мислејќи веројатно на Јана, додека со нескриено самозадоволство си го потчукнуваше заобленото бедро со розовата дланка.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
И уште нешто... Не, за тоа нешто ќе ви речам откако ќе ја извршиме задачата со приредбата, на седми септември навечер, во пресрет на Денот на независноста!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
- Со таквите, како вујко ми и како девојкана никогаш не си начисто! - рече откако направи нов круг околу нас.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
„Добро“, реков откако за миг постојав тука.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)