Ете, тоа си го помислив, додека се обидував да навлезам во онаа голема радост на Рајна; зошто да не ти речам барем тебе: се чувствував како да сум влезена во некоја голема свечена просторија.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Црнчињата ме сметаа за бела кукла излезена од некоја нивна африканска бајка.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Ако ништо друго можев да му речам барем “овардз“, што кога ќе се прочита наопаку, може да се изговори и како здраво.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Дали ние ги браневме? Дали рековме барем еден збор во нивна одбрана?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)