Не е ли јасно и од тие постапки на македонските водачи оти Македонците зедоа самите да ги решаваат судбините на Македонија и оти тие во својата дејност се готови да се судираат и да ги усогласуваат интересите на својата татковина не само со Бугарија, но и со другите балкански државички, откако ќе им се дадат на тие државички некои обврски од страна на Македонија за укажаната помош?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Овде ѝ се решава судбината на земјата... Распушти ги, нека си одат дома...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Во овој момент се решава судбината моја, да појдам за еден кој не ми е прилика и живеам црн живот или да умрам.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)