реши (гл.) - САД (скр.)

Поради ваквиот пристап на Донован кон улогата и местото на ОСС, било сосема природно тој да стапи во контакт со СОЕ за заедничкото планирање и изведување операции во моментот кога во 1942 година заедничкиот Англо-американски генералштаб решил САД да ѝ се придружат на Британија во "субверзивните" акции.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Британците, од своја страна, како поискусни во субверзивните активности во земјите што биле под окупација, имале на што да ги учат своите американски колеги кога во ноември 1941 година СОИ ја отворил својата канцеларија во Лондон.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)