роди (гл.) - дете (имн.)

А ако му се роди дете, како да нему се роди, зашто ќе му го одродат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Лекарите установиле дека таа млада жена нема да може никогаш да роди дете.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
О, боже, кога ќе го родам детево и да се вратам кај нив?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Небеска родила дете од пет кила и со три пиштоли! 5.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— А бре, ти со три пиштоли си родила дете, ми велат. Ехехеј, викаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кутрата Оливера одвај достискала да не ѝ се роди детето в облаци.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога ќе се роди детето, дека сè ќе се измени.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Пред да им се роди детето.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Што ако тој не сака таа да го роди детето? Што ќе се случи меѓу нив?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Што ако Марша не роди дете?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Сега, откако се роди детето, таа изолација Марија ја чувствуваше како уште погруба, подрастична.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
НОВЕ: Дека своеволно држел предавања на студентите во паузите меѓу часови, доаѓал на факултет со гас маска, демонстрирал со глад затоа што клозетите се нечисти, ги прекинувал собирите на студенти со неумесни упадници, екстравагантно се облекувал, пред породилната болница викал на трудните жени да одбијат да родат деца во ваков свет, зиме одел бос по улици, егоманијак, лесно склопувал и растурал пријателства, пишувал по згради пароли „Секое дно е дупло дно”.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Зошто ти е невеста? Ќе ми роди дете.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
За тоа време, скриена од светот Горда го родила детето и го оставила да го чуваат јабанџии, ветувајќи им дека наскоро ќе се врати да си го земе.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Ајде да го плачиме! - си рекле обете умници жени.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Еден ден, предеешчем си крај огнишче снаа и свекрва, снаата ја опитват свекрва си: - А по ти, нано, кога ќе ни се роди детево, шчо го носам во мене, какво име ќе му клајме?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ваква будалшчина - повторил старијот не ќе се наождат на веков!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
„Но повеќето мајки се грижат за своите деца,“ рече Сара.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Имам сретнато жени за кои единствена смисла на животот била да станат мајки, и жени кои станале мајки не затоа што сакале, туку затоа што немале друг избор освен да влезат во брак и да родат деца.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Боже, колку ми било тешко да сфатам како може да се роди детето од под пазува, како што ни објаснуваше баба Велика.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Пушката никому не му родила дете, реков. И така, се разбравме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Само што ќе се роди детето, ќе го закопаат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Нејзе набргу и се роди дете и го крстија Методија, по дедото нивни, а мене подоцна кога ми се роди Мил, го крстивме исто така Методија, на името од дедо ми мој.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Јас сум имал прилика да видам и на старост да им се роди дете на некои. А вие не сте стари.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)